Search

Турција нема да презема мерки против Русија

Турција нема да презема мерки против Русија, којашто е обвинета од Велика Британија за наводно труење со нервен агенс на поранешен риско-британски двоен шпион, изјави турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

Изјавата на турскиот претседател е објавена во моментите кога САД, некоку земји на Европската унија и НАТО, чијашто членка од 1952 година е Турција, се солидаризираа со Велика Британија и протераа руски дипломати.

„Не предвидуваме да преземеме слични мерки само затоа што некои земји ги преземале мерките врз основа на само обвинувања“, изјавил Ердоган, пренесуваат дневнивните весници Hurriyet и Yeni Safak.

„Апсолутно не доаѓа предвид да дејствуваме како тие“, додал турскиот челник одговарајќи на новинарско прашање враќајќи се од Бугарија каде што во понеделникот се сретна со челниците на Европскиот совет и на Европската комисија, Доналд Туск, односно Жан-Клод Јункер.

Турција, којашто ја има втората по бројност војска во НАТО, реалитивно тивко реагираше на скандалот кој им послужи на Велика Британија и нејзините сојузници на спектакуларен и за дипломатијата невиден начин да ја казнат Москва и покрај тоа што истрагата не е завршена и не поседуваат конкретни докази за нападот кој целосно го отфрла руската страна.

Треба да знаете
Последни објави