Search

Тројца малолетници пријавени за исчезнати

Како што информираат од МВР тројца малолетници од Тетово, Куманово и Струмица биле пријавени за исчезнати.

Во полициската станица во Тетово, Р.К. (47) пријавил дека вчера од домот во непознат правец се оддалечила неговата 16-годишна ќерка.

Во СВР-Куманово, М.А. (43) пријавил дека неговиот син на 16-годишна возраст вчера се оддалечил во непознат правец од нивниот дом.

Третиот случај е пријавен во СВР Струмица, каде што У.А. (41) пријавил дека вчера од домот во непознат правец се оддалечила неговата 15-годишна ќерка.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на тројцата малолетници.

Треба да знаете
Последни објави