Search

Три лица тешко повредени во сообраќајки во Скопје

Три лица тешко повредени во сообраќајки во Скопје

Со тешки телесни повреди се здобиле еден мотоциклист, еден сопатник на мопед и еден патник во автобус во три од вкупно 10 сообраќајки случени во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје. Во четири сообраќајки полесно биле повредени пет лица, а во три била причинета материјална штета.

Од МВР информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Шеесет и пет  возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, еден возач поминал на крстосница на црвено светло и еден возач за неправилно престројување. Санкциониран бил и еден пешак кој поминал коловоз вон пешачки премин.

Од сообраќај биле исклучени девет возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол, 19 возачи пред да се стекнат со право на управување на моторно возило и пет возачи почетници, како и шест неисправни возила и 19 нерегистрирани возила. Затекнати биле 94 непрописно паркирани возила.

Со помош на  специјалното возило пајак, отстранети биле 94 возило.

Одделението за превенција при СВР Скопје денеска во рамките на сообраќајно воспитниот проект „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“ ќе реализира едукативна работилница со учениците од четврто одделение во ООУ „Владо Тасевски“, кое се наоѓа во општина Карпош.

Треба да знаете
Последни објави