Search

Трамп сака да воведе „вселенска војска“ во САД

Кога Доналд Трамп се обрати на публиката составена од маринци во Сан Диего, Калифорнија, тој предложи проширување на одбранбените сили на САД со воведување на нова војска која ќе биде одговорна за вселената, наречена „вселенска војска“.

 

Освен веќе постоечките воени единици како што се воздушните сили, маринците и пешадијата, Доналд Трамп сака да воведе уште една – вселенска војска.

„Вселената е место каде можат да се водат војни, исто како и небото, земјата и водните површини. Затоа, може да имаме уште една војска, наречена вселенска војска. Имаме воздушна војска, имаме пешадија, имаме маринци, зошто да немаме вселенска војска?“, рече Трамп пред присутните маринци во воениот камп во Сан Диего.

Претседателот на САД рече дека оваа идеја му текнала неодамна, кога размислувал на начините на кои неговата земја може да војува. Тој барал решение за следниот чекор кој ќе му даде предност на САД во војните со другите светски земји.

„Пред некој ден си помислив, вложуваме толку многу во истражување на вселената што сигурно ќе ни затреба нова војска. Ќе ја наречеме вселенска војска. Тогаш не бев многу сериозен за ова, но откако го размислив подобро, мислам дека би било сјајна идеја. Можеби ќе го направиме тоа. Тоа може да се случи“, се обрати Трамп на публиката.

Оваа идеја не е нова на тлото на САД, бидејќи таа беше предложена и лани, на некој начин. Тогаш, Претставничкиот дом на САД предложи „вселенски сили“ кои ќе бидат управувани од Министерството за одбраната, но тоа беше одбиено од Пентагон. За разлика од тогаш, оваа „вселенска војска“ треба да биде управувана комбинирано од NASA и Министерството за одбрана.

 

Треба да знаете
Последни објави