February 16, 2019 12:54
Свет

Трамп писмено го извести Конгресот за својата одлука да ја нападне Сирија

 Американскиот претседател Доналд Трамп писмено го извести Конгресот за одлуката за американските ракетни напади врз Сирија.

 

Според американски закони, претседателот е должен да го извести Конгресот во рок од 48 часа за такви акции.

Во писмо испратено вчера до лидерите на Конгресот, Трамп нагласува дека спроведувањето на воената акција е одговор на користењето хемиско оружје од страна на сириската Влада, вклучително и нападот од 7 април во градот Дума кој предизвикал многу цивилни жртви.

Американскиот претседател наведува дека дејствувал согласно уставните овластувања во интерес на националната безбедност и надворешната политика на САД со цел „стабилност во регионот, запирање на крвопролевањето и спречување на ширење хемиско оружје, како и спречување на хуманитарната катастрофа во регионот“.

Related posts

Во стампедо во италијански клуб загинаа најмалку шест лица

Filip

Турчин ги бирал најубавите и ги терал на оргии, а по апсењето испрати бизарна порака

24news

Во Германија уапсени двајца поранешни припадници на тајната полиција во Сирија

Ivona