Search

Трамп го смени и секретарот за воени ветерани

Американскиот претседател Доналд Трамп го смени секретарот за воени ветерани Дејвид Шалкин, истакнувајќи дека на негово место ќе биде претставен воениот доктор на Белата куќа.

 

„Многу сум среќен да соопштам дека имам намера да го именувам многу уважениот адмирал Рони Л. Џексон за нов секретар за воени ветерани“, напиша доцна синоќа Трамп на Twitter.

Американскиот претседател му се заблагодари на Шалкин на извршената работа и додаде дека до стапувањето на Џексон на должност, тоа министерство ќе го води функционер на Пентагон.

Министерството за воени прашања веќе со години има проблеми да се грижи за воените ветерани, кои ги има неколку милиони во САД.

Џексон беше доктор во Белата Куќа за време на мандатот на претходниот американски претседател Барак Обама, а неговото именување треба да го одобри Конгресот.

Треба да знаете
Последни објави