Search

Трагедијата на младата Албанка: Ја испратиле во Лондон да се омажи за Албанец, а тој ѝ ја отсекол главата

 

Албанец од Лондон, 32-годишниот Арбен Рекса е осуден на 10 години затворска казна поради монструозното убиство на својата сопруга на која што ѝ ја отсекол главата затоа што мислел дека не е девица.

Арбен ја убил 25-годишната Елидона Демирај на 31-ви јануари 2016-та година во нивниот стан во Лондон, само три месеци подоцна откако пристигнала во британскиот главен град од Албанија каде што бил договорен нивниот брак.

Полицајците кои што биле на увид на местото на убиството, сето тоа го опишале како вистински хорор. Телото на младата жена имало дури 27 убодни рани, модринки на вратот и телото, а модринките укажале на тоа дека нивната борба траела подолго време.

На нејзиното тело биле пронајдени и постари повреди, што укажувало на тоа дека Арбен ја малтретирал и тепал својата сопруга подолго време, пред да ја убие.

„Ја испративме во Лондон како невеста, а сега таа се враќа мртва. Тој ја изолираше три месеци и не ѝ дозволуваше да запознава други луѓе. Елидона беше модерна девојка, примерна и пристојна. Сите ја сакаа и почитуваа, на училиште, на работа, секаде“, изјавиле нејзините родители на судењето.

Арбен кој што самиот ја повикал полицијата после бруталното злосторство, бил многу љубоморен и посесивен, било утврдено на судењето, како и тоа дека и порано бил насилен кон жените.

Тој еднаш ја нападнал својата поранешна девојка, обвинувајќи ја дека имала односи со некој од патниците во автобусот во кој што патувале, ставајќи ги ѝ рацете во панталоните „за да провери“, известуваат албанските медиуми.

Исто така, тој бил опседнат со невиноста на својата жена и стравувал дека можеби имала и абортус во претходната врска. Било откриено дека барал на интернет како да утврди дали таа била девица, а едно време се сомневал дека била силувана во минатото.

„Секако дека за време на злосторството не знаел што прави и бил бесен, но претходно тој имал нормална психа“, заклучило британското обвинителство.

Треба да знаете
Последни објави