Search

Според ВМРО-ДПМНЕ, истрагата за крвавиот 27 април е апсурдна

Не постои никаква правна основа патриотите притворени за настаните поврзани со 27-ми април да бидат задржани во истражниот затвор.

Тие не се терористи и не сториле терористички акт за да може да го повторат делото што им се става на товар. Тие ниту се обиделе, ниту имале намера да се обидат да влијаат врз апсурдната истрага. Најдобар аргумент за апсурдноста на целата истрага и конструкција е што судот и обвинителството ги држеа во притвор повеќе од два месеци и дури потоа одлучија да ги повикаат за да ги сослушаат и да им побараат исказ. Ова е ставот на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ од каде додаваат дека притворените ниту се обиделе, ниту имале намера да избегаат од Македонија. Тие обвинуваат политичари и пратеници на СДСМ, и медиуми, дека испраќале континуирани закани.

„Повеќе од три месеци Илиевски, Јовановски, Чавков, Дамовски, Мукоски и останатите се држат во притвор само затоа што гласно се спротиставија на плановите на оваа влада анти-реформска Влада за редефинирање на државата. Владата ги злоупотреби правосудните органи. Судовите не се ни трудат да ја запазат правната постапка целосно уривајќи ги угледот и честа на самите институции кои треба да дејствуваат независно од извршната власт. Законите мора да важат подеднакво за сите, а не да се применува селективна правда. Политичкиот реваншизам и малтретирање на луѓе кои размислуваат поинаку од СДСМ мора да запре. СДСМ и Зоран Заев мора конечно да сфатат дека во Република Македонија постојат луѓе кои секогаш ќе се спротиставуваат на било која деструктивна политика на оваа Влада“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Треба да знаете
Последни објави