Search

„Тоти е суперхерој, Рома мора да ги искористи неговите моќи“

Спортскиот директор на Рома, Мончи изјави дека легендата на клубот, Франческо Тоти е суперхерој и Рома мора на најдобар можен начин да ги искористи неговите „моќи“.

„Франческо ја имаше таа способност, тој досег, кредибилитет и влијание кое што беше толку силно. Рома сега тоа мора да го искористи“, изјави спортскиот директор на Рома и додаде:

„Би било апсурдно да имаме суперхерој во наше присуство и притоа да не ги искористиме неговите моќи“, изјави Мончи.

Иако Франческо Тоти откако се пензионираше како професионален фудбалер, веднаш доби директорско место во Рома и од тогаш е вклучен во управата на клубот, сепак се уште не е јасно која е неговата конкретна улога во таборот на „Римската волчица“.

Треба да знаете
Последни објави