Search

Toм Круз на добар пат да стане милијардер на 60 години

Том Круз е една од ретките холивудски ѕвезди кои можат да наполнат киносала само со своето присуство. Филмовите „Топ-ган: Маверик“ и „Невозможна мисија“ се примери за тоа.

Од август 2022 година, нето вредноста на Круз се проценува на околу 600 милиони долари. Тој е еден од најплатените актери во изминативе две децении.

Американски шоу-биз медиуми се осврнуваат на неговата успешна кариера и предвидуваат дека е на добар пат да стане милијардер, а некои шпекулираат дека тој веќе е во клубот на најбогатите и дека неговата банкарска сметка постојано расте.

Томас Круз Мапотер Четврти всушност е вистинското име на актерот и продуцент роден во Сиракуза. Актерската кариера ја започна на 19 години кога глумеше во „Бескрајна љубов“ (1981) и „Топ ган“ (1986).

Соработуваше со низа славни актери, вклучувајќи ги Џон Војт, Џек Николсон, Бред Пит, Никол Кидман и други.

Пробивот на Круз се случи со „Топ ган“ – акциона драма во која го портретира Пит ‘Маверик“ Мичел. Продолжението со наслов „Топ ган: Маверик“ стигна во 2022 година, 30 години по оригиналниот блокбастер, и веднаш беше прогласен за хит на годината.

Една од неговите најпопуларни улоги е онаа од филмската сага „Невозможна мисија“, каде го глуми главниот лик – Итан Хант. Досега, објавени се шест филмови од серијалот, а уште два се очекува да стигнат во кината во 2023 и 2024 година.

Круз глуми во повеќе успешни филмски продукции, вклучувајќи „Интервју со вампирот“ од култниот серијал „Вампирски хроники“ од 1994 година, „Џери Мегваер“ од 1996 година, „Работ на утрешниот ден“ од 2014 година и многу други.

Треба да знаете
Последни објави