Search

Тирана го поздрави усвојувањето на Законот за употреба на јазиците

Тирана го поздрави усвојувањето на Законот за употреба на јазиците

Усвојувањето на Законот за употреба на јазиците од страна на македонскиот парламент доби широк публицитет во албанските медуми.

Сите без исклучок го оценуваат како исторски настан со кој албанскиот јазик конечно станува официјален, службен јазик во Македонија.

Експресно реагираа и државните и партиски лидери во Албанија.

„Усвојувањето од страна на парламентот во Скопје на законот за албанскиот јазик претставува исторско постигнување за Албанците, кое ја демократизира и зајакнува самата Македонија“, напиша на својот профил на фејсбук албанскиот премиер Еди Рама.

Шефот на албанската држава, Илир Мета кој е во посета на Љубљана, го поздравува донесувањето на законот оцнувајќи го како, значаен акт не само за Албанците, туку и за европската иднина на Македонија.

Поздравуваќи го усвојувањето на законот со кој „албанскиот јазик станува службен јазик“ лидерот на најголемата албанска опозициска сила ,Демократската партија, Љуљзим Баша се заблагодарува на македонските партии за дадениот глас и оценува дека оваа клима на единство ќе „донесе многу позитвност во етничкиот соживот во Македонја“.

Изгласувањето на законот го поздрав поранешниот албански претседател и екс премиер Сали Берша, кој го смета за големо постигнување, а спроведувањето на законот „историска победа за Албанците во Македонија и целиот албански народ“.

Треба да знаете
Последни објави