Search

Тешко повредено дете велосипедист

Шестгодишник бил тешко повреден откако бил прегазено од автомобил додека се возел со велосипед, информираше МВР.

Според полицијата, сообраќајната несреќа се случила околу 15 часот во битолското село Будаково.

Тогаш автомобил „опел вектра“, што го управувал А.Б.(29) од село Канатларци удрил во детето, кое управувало велосипед. Возачот го зел повреденото дете и со автомобилот се упатил кон Битола, но по пат се пресретнал со екипа на Итната медицинска помош.

Тие го презеле детето и го пренеле во Клиничката болница во Битола, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на Секторот за внатрешни работи Битола. Се работи на целосно расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави