Search

Тензична расправа за законот за јазици, БЕСА удираше по собраниски клупи незадоволни поради одбиениот амандман

Тензична атмосфера на денешната расправа во Комисијата за европски прашања по Законот за јазици.

Пратениците од БЕСА демонстрираа незадоволство откако беше одбиен нивниот амандман. Револтот го изразија со удирање по собраниските клупи, по што претседателот на Комисијата, Артан Груби од ДУИ, мораше да ја прекине седницата.

Со амандман БЕСА побараа да биде сменето името на законот, па наместо Закон за употреба на јазиците, да се нарекува Закон за употреба на албанскиот јазик.

Министерот за правда, Билент Саљији, го одби амандманот велејќи дека БЕСА манифестира лажен патриотизам.

Меѓу претаниците од БЕСА и претседателот на Комисијата настана кавга кога Груби не му даде збор на пратеникот, Фадил Зендели, да одговори за одбиениот амандман. Зендали и неговите сопартијци незадоволни удираа по собраниските клупи, додека траеше обраќањето на Груби пред присутните, а Зендали излезе на говорницата и на албански јазик го образложуваше поднесениот амандман.

Груби ја прекина седницата на неодредено, додека не се создадат услови за нејзино продолжување.

Треба да знаете
Последни објави