Search

Telekom MK апликацијата постојано станува подобра

Нови функционалности: продолжување договор и промена на тарифен модел

  • Промотивна понуда само преку Telekom МК: 2.000 денари дополнителен попуст за смартфон со продолжување договор и 5 GB мобилен интернет за промена на тарифа

Последната, подобрена верзија на Telekom MK апликацијата доаѓа со нови функционалности, како одговор на сѐ поголемата потреба за понапредно дигитално корисничко искуство.

Уште подобра и прилагодена на вашите барања, апликацијата ќе ви овозможи да управувате со услугите и сметката во секое време и на секое место. Отсега, преку Telekom MK  можете да нарачате нов смартфон со бесплатна достава до дома или да го смените тарифниот модел и промотивно да добиете дополнителни поволности.

Со летната промоција, доколку направите обнова на Доверба 24 договорот на тарифните модели Mobile M, L и Magenta 1 M, L преку Telekom MK апликацијата ќе можете да го нарачате вашиот нов смартфон со промотивен дополнителен попуст од 2.000 денари. Преку апликацијата можете да ја видите целосната листа на уреди достапни за продажба и само со неколку клика вашиот смартфон ќе стигне на домашна адреса со бесплатна достава.

Со избор на нов подобар тарифен модел од Mobile и Magenta 1 портфолиото преку Telekom MK, еднократно добивате промотивни дополнителни 5 GB мобилен интернет, што можете да ги користите 30 дена по активирање на новата тарифа. При менување на тарифата преку апликацијата ќе можете да ги видите сите опции со опис на бенефициите што ќе ги добиете со промената.

 

Преземањето на апликацијата e бесплатно, на следниот линк.

Со новите и подобрени функционалности, Telekom MK ќе ви го олесни вашето секојдневие и ќе ви отвори пристап до бројни можности и дополнителни промотивни поволности.

 

Повеќе на: www.telekom.mk.

Треба да знаете
Последни објави