Search

Teмелковски вети фекална канализација за Усје

По вчерашниот одржан протест на жителите на Усје, сакаме да Ве информираме дека во периодот што следува, на предлог на градоначалникот Филип Темелковски оваа година на жителите на населеното место Усје ќе им биде решен деценискиот проблем со немањето на фекална канализација. Постапката за изградба на канализацијата е во тек и откако ќе се добие одобрението за градба истата ќе почне да се гради.

Општина Кисела Вода има разбирaње за револтот на граѓаните кој е создаден заради празните ветувања на претходниците од ВМРО-ДПМНЕ. Општината ги замолува жителите на Усје за трпение додека почне изградбата на фекалната канализација.

Градоначалникот Филип Темелковски ги остварува ветувањата и подеднакво реализира проекти за подобрување на животот на сите жители на Кисела Вода.

Треба да знаете
Последни објави