Search

Tурските власти уапсија 48 воени пилоти

Турските власти во нова акција уапсија 48 воени пилоти осомничени дека се поврзани со проповедникот Фетула Ѓулен, кого официјалната Анкара го обвини за организирање на неуспешниот државен удар во 2016 година.

Канцеларијата на обвинителот на Анкара соопшти дека 48 пилоти се уапсени. Сите уапсени се дел од командата на копнената армија, тројца се со чин на полковник и четворица потполковници.

Уапсените пилоти се наоѓаат во притвор во седиштето на полицијата за борба против тероризмот.

Обвинителот издаде налог за апсење и на 15 цивили осомничени дека се поврзани со пилотите.

Турските власти го обвинија Ѓулен за организирање на обид за државен удар во јули 2016 година, чија цел беше да го соборат претседателот Реџеп Тајип Ердоган.

Ѓулен, кој живее во егзил во САД од 1999 година, ги отфрла овие обвинувања.

Треба да знаете
Последни објави