Search

Tриесетина второодделенци од Штип во самоизолација, професор бил позитивен на ковид 19

Триесет и четири второоделенци од штипското основно училиште „Тошо Арсов” и
нивните две наставнички заминуваат во изолација, откако имале физичка настава од
наставник од предметна настава, кој е позитивен на коронавирусот објави канал 5. Директорката на училиштето, Фросина Маџарова вели дека од почетокот на учебната година, досега имаат тројца наставници, кои се заразиле со вирусот. Прекин во наставата нема, бидејќи учениците и наставниците ја реализираат он-лајн. Нови случаи на заразени вработени во штипските детски градинки се регистрирани во објектот на градинката „Астибо” во населбата „Сењак”. Воспитувачка и
негователка се инфицирани, со што во изолација се испратени шест деца. Директорката на Центарот за здравје-Штип, Марија Димитрова вели дека вчера се регистрирани 25 случаи, но и денеска се очекува двоцифрена бројка. Заразате се шири меѓу младите над 20 години,
семејствата, но и сега и во училиштата и градинките. Текстилниот кластер во најголемата фабрика во ТИРЗ зоната е стивната.

Треба да знаете
Последни објави