Search

Tинејџер кој починал од рак погребан со поворка од 2.100 спортски автомобили

Тинејџер од Мисури кој починал од рак е погребан со поворка од над 2.000 спортски автомобили, што била неговата последна желба. Илјадници граѓани помогнале да се исполни желбата на 14-годишното момче.

Алек Инграм, 14-годишник од Вашингтон, Мисури, почина на 7 ноември, откако се бореше со ракот повеќе од четири години. Во 2015 година му била дијагностицирана ретка форма на карцином на коските.

Повеќе од 2.100 спортски автомобили и 70 моторцикли се собраа и формираа погребна колона за да го испратат момчето на неговото последно патување и да ја исполнат последната желба на вљубеникот во спортските автомобили.

Илјадници луѓе и автомобили се појавиле на погребот на момчето, што градот бил затворен за сообраќај повеќе од два часа.

Треба да знаете
Последни објави