Search

Tејтум им одржа говор на Селтикси на полувремето од мечот со Мајами

Кошаркарот на Бостон селтикс, Џејсон Тејтум имаше мотивирачки говор пред соиграчите за време на паузата на петтиот меч од серијата со Мајами хит.

Бостон заостануваше седум поени, а пораз на овој меч ќе значеше крај на сезоната за тимот.

Дваесет и двегодишниот Тејтум се обиде да им ја пренесе важноста на моментот на своите соиграчи и успеа во тоа.

Во третата четвртина тој постигна 17 поени, а Селтикси го добија тој дел од натпреварот со 41:25.

На крајот Бостон победи со 121:108 и намали на 2-3 во серијата прв до четири победи.

Треба да знаете
Последни објави