Search

Tешка сообраќајка на „Качанички пат“, еден тешко повреден

На 28.10.2020 во 08.35 часот било пријавено дека на крстосницата од ул.„Јадранска магистрала“ и сервисната улица „Качанички пат“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „ауди“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.И.(22) од Скопје, и патничко возило „форд“, со косовски национални ознаки, управувано од Б.Ч.(54) од Р.Косово. Во незгодата, Б.Ч. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.

Треба да знаете
Последни објави