Search

Tанзаниски селски главатар обезглавен од банда ловокрадци

Обидот да се спречат ловокрадци заврши катастрофално за главатарот на едно танзаниско село кој заврши обезглавен од криминалците, кои потоа му го фрлиле телото. Танзаниската полиција уапси еден човек поради обезглавувањето.

Главатарот на селото Гијабунг, Фаустин Санка (59), бил пронајден обезглавен во близина на националниот парк Тарангир. Властите велат дека делови од неговото тело веќе биле изедени од животни кога ја откриле грозоморната сцена.

Лимито Лебангу (19) е уапсен во врска со убиството, за кое се верува дека е одмазда, а полицијата трага по други тројца осомничени. Според локалното население, Санка се обидел да го спречи криволовот во националниот парк Тарангир – шестиот најголем резерват во Танзанија.

Регионалниот полициски командант на Мајанара, Аугустино Сенга, изјави дека младите ловокрадци во соседното село биле бесни на Санка за кој верувале дека им дал на стражарите во националниот парк список на луѓе кои се занимавале со нелегални ловечки активности.

Прелиминарните истраги откриваат дека Санка ја унапредувал борбата против криволовството во националниот парк Тарангир. Санка го пријавил Лебангу и некои од неговите пријатели кај ренџерите во националниот парк Тарангир и затоа одлучиле да го убијат “, вели Сенга.

Телото на Санка било пронајдено фрлено во шума во близина на селото завиткано во најлон, а главата му била отсечена со остар предмет.

Треба да знаете
Последни објави