October 3, 2022 17:02
Хроника

Tројца приведени, поради сообраќајка нападнале човек и присилно го однеле во угостителски објект

На 12.08.2022 во Скопје полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Р.И.(35) од с.Никуштак, кумановско, Б.И.(20) и Р.И.(27) двајцата од с.Арачиново, скопско, постапувајќи по пријава на Т.Б.(42) од Скопје. Според пријавеното, по претходно недоразбирање во сообраќајот околу 10.20 часот на подрачје на Бит Пазар, Р.И., кој бил заедно со Б.И. и Р.И., а имал и остар предмет, физички го нападнал Т.Б., а потоа без негова согласност го однеле во угостителски објект на подрачјето на Бит Пазар, од каде успеал да побегне. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.