Search

Sвездата на филмот „Мојата голема грчка свадба“, поради коронавирусот, не присуствувала на погребот на татка си

Холивудската актерка Ниа Вардалос (57), позната по улогата во филмот „Мојата грчка свадба“, деновиве минува низ тежок период бидејќи почина татко ѝ Гус Вардалос, а таа не можеше да присуствува на неговиот погреб поради епидемијата на коронавирусот.

Нија последен пат го посети својот татко во родната Канада за време на божикните празници пред да почне епидемијата.

„Сите бевме таму за Божик. Седеше на каучот, среќен и се движеше, но не можеше баш да истрча маратон. Имав чувство дека тоа е тоа. Се случи тој момент помеѓу мене и татко ми кога се збогувавме. Мислам дека тој ми рече ‘ова е навистина збогум’“, изјави таа за списанието „Варајети“.

Набргу потоа тој бил хоспитализиран и Ниа можела да комуницира со него само на телефон.

 

„Медицинската сестра го држеше телефонот и му се заблагодарив за неверојатниот живот што ми го даде, му реков дека е господин и одличен татко. Мама го држеше за раката и му рече дека е добро и дека може слободно да си замине“, изјави таа.

Починал на 12 март. Поради самоизолацијата и забраните за патувања, Ниа не можела да отиде на неговото последно испраќање.

Таткото на Ниа му послужил како инспирација на продуцентот на комедијата што ја прослави.

Треба да знаете
Последни објави