Search

Сугарески: За две години гасот стигнува до првите потрошувачи

Сугарески: За две години гасот стигнува до првите потрошувачи

За две години гасот треба да стигне до првите потрошувачи преку националниот гасоводен систем што го гради државата. Годинава ќе бидат изградени 80 километри гасоводна мрежа за која се одвоени 40 милиони евра.

Годинава ќе се изградат нови 80 километри гасовод, за што обезбедивме околу 40 милиони евра. Приоритет за владата е да се обезбеди дотур на гас до секоја општина, објави министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, по средбата со директорот на Македонски енергетски ресурси (МЕР) Благојче Котески.

На средбата директорот го информирал министерот за динамиката на изградба на делниците Неготино – Битола и Скопје – Гостивар, како и за можностите за интерконекција со Грција и Бугарија.

– Гасификацијата е врвен приоритет на Владата и ќе продолжиме интензивно да работиме да обезбедиме цевки со гас до секоја општина. На одредени траси имаме проблеми со експропријацијата, но се работи на терен и верувам дека во следниот период ќе ги надминеме сите вакви ситуации за да можеме ефикасно да продолжиме со изградбата. Интензивно работиме на разрешување на имотно правните работи за експропријацијата и на двете делници и тоа делницата Неготино – Битола која очекуваме да биде завршена во 2020 година, како и на делницата Скопје-Тетово-Гостивар која очекуваме да биде готова крајот на 2019 година – вели Сугарески.

Треба да знаете
Последни објави