Search

Судскиот процес за убиството на Матилоски стои во место

Судскиот процес за убиството на Матилоски стои во место

И после 5 месеци откако охридскиот Основен суд донесе одлука на Бојан Угреновиќ од Краљево да му се суди во отсуство од осомничениот ни трага ни глас.Главната расправа за повторениот судски процес за убиството на младиот охриѓанец Димитар Матилоски се одржува со испитување на предложените сведоци од Македонија и Србија без негово присуство.Најблиските стравуваат дека постои можност за бегство од матична држава .

Мајката на загинатото момче вели дека никогаш нема да се откаже од брањето на правдата убиецот да одговара за делото кое го сторил.

Драгица Матилоска по смртта на синот преку пишување на дневник насловен Мојот живот после изгубен живот каде раскажува за тагата ,осаменоста ,стравот и болката ја соголува душата за да не се заборави ликот на Димитар.

Инаку немилиот настан се случи на Новогодишната ноќ 2016 година кога Угреновиќ до смрт го претепа Димитар во строгиот центар на градот на само неколку чекори до сопственит дом . На првиот судски процес, тој беше прогласен за виновен и му беше изречена затворска казна од 16 години. Пресудата беше обжалена од одбраната, по што Апелацискиот суд од Битола побара повторување на процесот. Следното рочиште е закажано за 17 април.

Треба да знаете
Последни објави