Search

Судот ги одби жалбите на Димовски и Василевски

Пратеникот на ВМРО – ДПМНЕ, Сашо Василевски останува во притвор во затворот во Шутка. Кривичниот суд ја одби неговата жалба поднесена преку неговите адвокати.

Скопска единица ја одби жалбата и на пратеникот од Социјалистичката партија Љупчо Димовски. Тој бараше да му биде укината мерката куќен притвор, но и за него останува на сила мерката која ја донесе судија на претходна постапка. Василевски и Димовски, заедно со Крсто Мукоски, Жаклина Пешевска, Јохан Тарчуловски и Љубен Аранудов се осомничени за терористичко загрозување на уставниот поредок, за крвавите насатан на 27 април и упадот на насилници во парламентот. Освен нив вчера Кривичен му одреди притвор и на Фетах Алими, полицаецот кој тврдеше дека му го спасил животот на пратеникот Зијадин Села.

Треба да знаете
Последни објави