Search

Судења за „Тендери“ и „Транспортер“

 Во Кривичниот суд за денеска закажани се судења за предметите „Тендери“ и „Транспортер“ на Специјалното јавно обвинителство.

Случајот „Тендери“ се однесува на изведување градежни работи на Музејот на македонската борба за државност и самостојност во Скопје, а првообвинета е поранешната министерка за култура Елизабета Канческа – Милевска.

Апелацискиот суд Скопје во ноември лани реши дека „бомбите“ може да се користат како доказ во судската постапка во случајот „Тендери“.

Во „Транспортер“ обвинети се поранешниот битолскиот градоначалник Владимир Талески и уште 20-тина лица за злоупотреба на службената положба во врска со организирањето превоз на ученици во Битола, со што е направена проневера на околу 360.000 евра.

Минатото рочиште беше одложено, а судијката Добрила Кацарска како причина, образложи дека е тоа што се уште не е добиен одговор за поднесена жалба од Апелацискиот суд. Од истата причина беше одложено и претходното рочиште.

 

Треба да знаете
Последни објави