Search

Судар на два авиона на аеродромот во Торонто

Судар на два авиона на аеродромот во Торонто

Десетици патници беа евакуирани од авион во кој удри друг авион на аеродромот Пирсон во Торонто.

Во соопштение од администрацијата на аеродромот се нагласува дека авион на Санвинг ерлајнс слетал на аеродромот во Торонто и чекал на паркинг кога во него урило летало на Вестџет ерлајнс.

По сударот избил пожар, но нема повредени.

Од Вестџет ерлајнс соопштија дека имало неколку патници со лесни повреди, но сите 168 патници и шест членови на екипажот се безбедно евакуирани.

Компанијата Санвинг соопшти дека во време на сударот авионот бил празен и дека леталото го влечела фирмата Свиспорт интернешнал задолжена за копнени операции на аеродромот.

Треба да знаете
Последни објави