Search

Страшно невреме вчера во Охрид и Струга

Страшно невреме вчера во Охрид и Струга

Охрид имаше бурна ноќ. Особено по предупредувањето од УХМР дека се можни засилувања на дождовите и ветерот во текот на ноќта. Циклонот Алексеј повторно ги поплави кејот и крајбрежните кафеани.

Охрид њуз тврди дека склучително загрижувачка е состојбата со колекторскиот систем кој е пред колапс. Постои опасност од еколошка катастрофа.

Јужниот ветер, кој попладнето дувал со умерена сила во Охрид, синоќа се засилил. Под вода се делови од кејот и улицата Коста Абраш пред Капетанијата на пристаништата. Водата повтор но навлегува во угостителските објекти на првата брегова линија во центарот на градот и населбата Канео. Во одредени објекти има нови штети.

Информации за поплави во угостителски објекти лоцирани на самиот брег на езерото синмоќа доаѓаа и од Струга.

Поради превентивни мерки вчера се вршеше максимален испуст на вода од Охридското езеро во реката Црн Дрим, а извршено е и пренасочување на река Сатеска директно кон Црн Дрим. Зголемен е преливот од акумулацијата Глобочица и постои опасност од прелевање.

Денеска се очекува стабилизирање на времето во попладневните часови.

Треба да знаете
Последни објави