Search

Среде улица ја изрешетал сопругата, па си пукал во глава

Во пукотници кои утринава се слушнале околу 8:20 часот во Нов Белград повредени се две лица.

Како што пишува српски „Блиц“ во пукањето учествувале маж и жена.

Портпаролката на Итната медицинска помош изјавила дека мажот  бил пренесен во Ургентен центар на реанимација, а жената во Клиничка болница.

Според неофицијалните информации на порталот, се работи за брачен пар Душко Р. (37) и Тамара Р. (37), а до пукањето дошло по нивна претходна расправија која се одвивала во автомобил во кој се наоѓале двајцата.

Мажот, кој управувал со автомобилот, во еден момент застанал и излегол од истиот, дошол до совозачката врата, ја отворил и неколку пати пукал во сопругата.

Откако го извршил крвавиот пир, се свртел и си пукал во глава.

Мажот со сериозни повреди е пренесен на реанимација, додека жената има повреди во пределот на стомакот и нозете.

Улицата е блокирана, а полицијата врши увид.

 

Треба да знаете
Последни објави