Search

Средба Османи – Калавера во Брисел

ОСМАНИ: СО ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА ИПА МАСТЕР ПЛАНОТ ОЧЕКУВАМ ЗНАЧИТЕЛНО ПОДОБРУВАЊЕ НА ИСКОРИСТЕНОСТА НА СРЕДСТАВАТА ОД ИПА

Заменик Претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, во рамките на посетата на Брисел, оствари средба со Геновева Руиз Калавера, Директорка за Западен Балкан во рамките на Генералниот Директорат за соседство и проширување во Европска Унија, ДГ НЕАР.

Османи ја презентираше состојбата со напредокот на Република Македонија во евроинтегративните процеси, задржувајќи се на имплементацијата на Планот 3-6-9, како и остварениот напредок во отстранувањето на политичките пречки за приближувањето кон ЕУ и НАТО. „Локалните избори беа тест за владата и за нејзиниот капацитет да ги имплементира предвидените мерки и активности и доследно истите да ги примени во пракса“ – истакна Османи. Тој додаде дека изборите биле оценети како фер, слободни и кредибилни од страна на сите домашни и меѓународни институции кои ги следеле изборите, меѓу кои секако е и ОБСЕ/ОДИХР, како најрелевантна институција која ги следеше изборите.

Османи ја потенцираше и посветеноста на Владата повторно да се  фокусира на европската и реформската агенда, што треба да резултира со целосно спроведување на сите потребни реформи кои од Македонија ги бара Унијата, а кои се, или ќе бидат, соодветно нотирани во останатите делови од Планот 3-6-9.

На средбата со Геновева Руиз Калавера  беа отворени и прашањата за искористувањето на средствата од ИПА, од страна на Македонија, за што Османи посочи дека во финална фаза е изготвувањето на т.н. ИПА Матер План, во кој се содржат мерки и активности со кои треба да се подобри ИПА структурата, како и да се унапреди апсорпционата моќ за искористување на ИПА средствата.

„ИПА Мастер планот го изготвуваме заедно со Делегацијата на Европската Унија во Скопје, за што имаме редовни средби, и истиот многу наскоро ќе биде пласиран во јавноста и ќе започне неговата имплементација“. – Истакна Османи на средбата. Тој додаде дека очекува од стана на Европската Комисија и сите нејзини тела, поддршка за реформите на ИПА структурата, затоа што, нагласи Османи, тоа значи и доближување од европските стандарди што е еден од најважните причини за целиот процесот на европско интегрирање. 

Османи е на дводневна посета на Брисел каде, меѓу останатите, оствари средби со Потпретседателката на Европската Комисија и Висок претставник за надворешна и безбедносна политика на Европска Унија, Федерика Могоерини, како и со Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан. 

Треба да знаете
Последни објави