Search

Средба Богдановиќ – Ромео

Градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ, денеска во својот кабинет го прими и оствари средба со Н.Е. амбасадорот на Република Италија, Карло Ромео.

Амбасадорот му го честиташе изборот за градоначалник на Богдановиќ и изрази надеж дека како млад човек, има ентузијазам и желба за развој на општината.

“За нас како амбасада е значајно да имаме одлични односи со општина Центар. Сакаме да ги продолжиме ваквите односи и соработка, како и со Вашиот претходник. За нас од најголема важност е воспоставување и негување на релациите во економскиот сектор, привлекување на инвестиции и промоција на јазикот и културата“, рече Ромео.

Богдановиќ посочи дека цел на општината и негова, како градоначалник, е да ги зближиме сите народи.

“Отворена е можноста децата да го изучуваат и италијанскиот јазик во градинките и училиштата, за да можеме на децата да им понудиме да изучуваат што повеќе јазици и да се запонзаат со што повеќе култури. Сакам и да се заблагодарам за искажаната желба за соработка, која има перспективи за натамошно продлабочување. Ние сме заинтересирани, како општина Центар, за зближување, размена на искуства и реализирање на проекти со некоја од општините во Република Италија“, рече Богдановиќ.

Градоначалникот на општина Центар ја образложи идејата секоја амбасада да има свој ден во општина Центар.

Двајцата соговорници се согласија дека сочувувањето на здрава животна средина е од врвен приоритет, како што посочи Богдановиќ, еден од проектите е поставување на контејнери за селектирање отпад во општина Центар.

Амбасадорот Ромео го понуди искуството на италијански фирми во оваа област и како што и самиот рече, добро е што се започнува со подигнување на свеста на граѓаните на општина Центар за важноста на селектирање на отпад и чистата околина.

Заедничка љубов на амбасадорот и Богдановиќ е спортот и бидејќи италијанската репрезентација не се пласираше на светското фудбалско првенство, заеднички ќе можат во иднина да го гледаат и да навиваат за КК “Работнички“.

Треба да знаете
Последни објави