Search

Спортот над политиката: Заев и Мицковски им се поклонија на ракометарите

Премиерот Зоран Заев и претседателот на најголемата опозициска партија, Христијан Мицковски вечерва преку социјалните мрежи им честитаа на македонските ракометари за втората победа на Европското првенство во Загреб.

Премиерот Заев напиша дека тимската игра и поддршката од трибините била клучна за новата победа.

-Нов натпревар, нова радост за Македонија на Европското првенство во ракомет. Тимската игра, поддршката од трибините и вечерашнава победа ни донесе сигурно место во наредната фаза. Ваква игра води само напред, браво момци, напиша Заев.

Неговиот политички противник, Христијан Мицковски пак, порача дека со достоинство и одлична стратегија, Македонија дојде до уште една победа.

-Доказ дека со силна волја, искрен пристап и пожртвуваност се е возможно и достижно. Со спортска храброст, достоинство и одлична стратегија Македонија стигнува до уште една ракометна победа. Честитки до целокупната ракометна репрезентација која вечерва уште еднаш не направи горди на успехот, напиша Мицковски.

Треба да знаете
Последни објави