Search

Солта во исхраната многу поопасна отколку што мислиме

 

Добро е познато дека премногу сол во исхраната лошо влијае на срцето и крвниот притисок, но дали некогаш сте се запрашале што солта му прави на вашиот мозок?

Новото истражување објавено во магазинот Nature Neuroscience откри дека глувците кои ги хранеле со пресолена храна имаат намалени ментални способности и когнитивни пореметувања.

Глувците покажаа намалување на способноста за движење во лавиринт, а дури престанале и да реагират на повлекување на крзното.

Пресолената храна влијаела и на зголемување на интерлеукин-17, кој може да ги промени хемиските сигнали на крвните садови во мозокот.

Докторот Константино Ладекола, водич на истражувањето кое е спроведено во Австралија, вели дека глувците по три месеци добиле и деменција.

„Глувците инаку се многу љубопитни и сакаат да истражуваат нови работи, но со тек на време едноставно ја загубиле способноста за препознавање на нормалните објекти. Кога требаше да изградат гнездо, а тоа е нешто што го прават секој ден, не можеа да го направат тоа“, изјави тој и додаде дека слични последици би можеле да имаат и луѓето кои во исхраната користат премногу сол, но тоа треба уште подетално да се истражи.

Треба да знаете
Последни објави