Search

СОЛЕНА ВОДА – ЗДРАВ УТРИНСКИ РИТУАЛ

По утрото денот се познава – затоа потрудете се утрото да го започнете со нешто добро за себе и здравјето на целиот организам! Овој едноставен утрински ритуал може да ви помогне во тоа.

Почетокот на секој ден може да биде стресен, осебено доколку не сме наспани, ако знаеме дека не очекуваат многу обврски или сме во исчекување да се случи нешто важно. Меѓутоа, ништо од ова не е причина секое утро да не направиме нешто за своето здравје.

Постојат многу начини на кои би можеле да го чуваме нашето здравје и на добар начин да го започнеме денот. Некои луѓе сакаат да се занимаваат со физичка активност штом се разбудат, па така во раните утрински часови одат на трчање, пливање или некој друг тренинг, додека други најпрво здраво ќе појадуваат.

Секако дека се ова здрави утрински ритуали, но без оглед на нив – ова мора да ви премине во навика: Чаша топла солена вода на празен стомак!

Иако звучи премногу едноставно, овој пијалок има огромен позитивен ефект на здравјето на организмот.

Треба да знаете
Последни објави