Search

(ВИДЕО)СО БЕСПИЛОТНО ЛЕТАЛО ВО БОРБА ПРОТИВ ЗАГАДУВАЊЕТО!СКОПЈЕ

Државниот инспекторат за животна средина објави видео снимка со дрон од неколку локации, за кои се тврди дека се едни од поголемите загадувачи на воздухот во Скопје, каде вчера била извршена инспекција.

На снимките се локациите Вардариште – Претоварна станица на ЈП Комунална Хигиена Скопје и околината со два склада за секундарни суровини, мостот во Лисиче до реката Вардар. Во еден сегмент се гледа и интервенција на противпожарната служба во запалено диво сметиште.

Исто така, снимките на самото место се фатени неколкумина како фрлаат отпад на една од локациите – пристигнуваат со комбе, излегуваат од возилото, фрлаат габаритен отпад и со трчање повторно влегуваат и набрзина ја напуштаат локацијата.

https://www.youtube.com/watch?v=d0mmA28lzMg

 

Треба да знаете
Последни објави