Search

Снег и студено време до крајот на викендот

Времето денеска ќе биде облачно и студено со повремени врнежи од снег, во јужните делови од дожд и снег, а во крајниот југоисточен дел од дожд, информираат од управата за хидрометеоролошки работи.

На повеќе места врнежите ќе бидат пообилни и ќе наврнат над 15 литри на метар квадратен. Во поголем дел од земјава ќе се формира снежна покривка, а на планините истата значително ќе се зголеми. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од северен правец. Максималната темтпература во земјава денеска ќе достигне од 1 до 6 степени. Во Скопје, облачно со врнежи од снег и со слаб до умерен ветер од североисточен правец. Температурата ќе достигне до 2 степена.

В петок се уште ќе има повремени врнежи од дожд и снег, но кон крајот на денот ќе престануваат. В сабота ќе биде променливо облачно со провејување на слаб снег. За време на викендот во утринските часови на повеќе места температурите ќе бидат под и околу нула, во интервал од -4 до 1 степен.

Треба да знаете
Последни објави