Search

Смилевски: Големата акција за чистење на Скопје успешно почна во Бутел

Во големата акција на чистење на Скопје, која вчера почна во општина Бутел, собрани се 300 метри кубни смет, шут и искастрена дрвна маса. Исчистени се 220 сливници и 78 шахти, а направено е издувување на канализациски линии во должина од 3.120 метри.

– Стотици невработени кои беа ангажирани од Град Скопје и вработените во општина Бутел, задолжени за одржување на хигиената, поддржани со силната механизација од јавните градски претпријатија работеа на шест пунктови: Бутел 1, Бутел 2, Радишани, населбата и селото, Скопје Север и Визбегово, рече на денешната прес-конференција градоначалникот на општина Бутел Велимир Смилевски.

Тој истакна дека се чистеле десетици улици во цела општина:  „Бутелска“, „Александар Урдаревски“’, „Цетинска“, „Хо Ши Мин“, „Петар Манџуков“, „Бетовенова“, „Душко Поповиќ“, „Александар Бујнов“, „Радишанска“, „Скоевска“, „Боро Кралевски“, „Амди Демир“…

Во акцијата изметени и измиени се главните сообраќајници и поголемите сервисни улици се во надлежност на општина Бутел. Чистењето денеска продолжува на неколку локации: кај големиот вијадукт на Скопската обиколница, кај Градските гробишта Бутел, Возбегово, Скопје Север, Радишани, Бутел 2 и Кучевишка Бара.

 

 

Треба да знаете
Последни објави