February 23, 2019 08:36
Музика

Слушате една иста песна по сто пати на ден – чекајте да слушнете што му прави тоа на мозокот

Питер Вуст од Кралската музичка академија во Данска одлучил да истражи што се случува со мозокот кога ќе се навлече на една песна и ја слуша милион пати.

-Музиката многу ни годи затоа што влијае на мозочниот центар за надградување. Овој биолошки систем нѝ поттикнува да правиме работи неопходни за преживување, од конзумација на храна до испразнување преку сексот. Природата и биологијата на вака не тераат да правиме активности кои ќе ни овозможат да преживееме. Музиката е уметнички израз на кој најчесто се враќаме. Книгите ќе ги прочитаме, филмовите ќе ги одгледаме по два-три пати, но музиката можеме да ја слушаме без престан. Кога ќе престане чувството на задоволство, мозокот едноставноќе се засити. Тоа е нормално да се случи откако ќе ја ислушаме песната, но кај луѓето кои ги полудуваат домашните со една иста песна 50 пати на ден, мозокот работи на друг принцип, односно му треба подолго време да сфати дека таа песна ја слуша одново и одново и дека така не добива нови информации – објаснува Вуст.

Related posts

Повеќе од 500 песни доставени до организаторите на годинешниот МАРС

24news

Светот во шок: Почина славната пејачка за време на проба

24news

Суперхикс со новото видео и сингл „Модерна љубов“ се враќаат назад кон корените

Ivona