Search

Случај Скрипал: Меѓународните инспектори ја поткрепија анализата на Британија

Инспекторите на Организацијата за забрана на хемиско оружје ја потврдија анализата на Велика Британија за типот на нервен гас употребен во труењето на поранешниот руски шпиун Сергеј Скрипал и неговата ќерка.

 

Меѓународниот коректив за хемиско оружје не го именува нервниот агенс како „новичок“, но рече дека се согласува со заклучоците на британската истрага за потеклото на агенсот.

Русија негира дека стои зад нападот на Сергеј и Јулија Скрипал што се случи во Британија, како што тврди премиерката Тереза Меј.

Организацијата за забрана на хемиско оружје спроведе независна истрага на барање на британската влада.

 

 

Треба да знаете
Последни објави