Search

Скандал во АМС: Директорот Каевски одобрил поезија за „корнишонот на премиерот“

Скандал во АМС: Директорот Каевски одобрил поезија за „корнишонот на премиерот“

Скандал ја тресе Агенцијата за спорт и млади, на чие чело е Дарко Каевски!

Откако извесен Демир Незири на Фејсбук синоќа објави делови од збирка поезија од проектот „Млади поети“, чиј издавач е Агенцијата, а како уредник слови токму Дарко Каевски, на Фејсбук зовре од коментари.

,,Во испечатената збирка поезија од проектот “Млади поети” е објавена содржина која содржи недолични елементи на дискриминација. Изборот на песни кои се објавуваат го направи надворешна комисија, која требаше да направи соодветна селекција, при што АМС нема увид во содржината.

Агенцијата за млади и спорт се оградува од содржина која содржи дискриминација и смета дека е недолична. Во тек е истрага за утврдување на фактите и причините кои довеле ваквата содржина да биде објавена, после што јавноста ќе биде информирана за мерките и одговорноста кои ќе се преземат.

Агенцијата за млади и спорт се противи и ќе се бори против каква било форма на дискриминација на родова, етничка или која било друга основа.“

Ова е реакцијата на Агенција за млади и спорт по објавувањето на скандалозната книга Збирка поезија на млади поети, во која се поместени неколку песни од автор Даниел Пиљаковски , со скандалозна и дискриминаторска содржина.

 

Треба да знаете
Последни објави