Search

СЈО го „тресе“ Основниот суд во Кичево

СЈО го „тресе“ Основниот суд во Кичево

Специјалната јавна обвинителка Фатиме Фетаи денеска е во работна посета на Основниот суд во Кичево. Таа била придружувана од уште еден службеник од обвинителството на Јанева, пишува порталот Правосудство.мк.

Фетаи извршила увид во неколку судски предмети. Изворите на „Правосудство“ велат дека не е познато за што точно се интересирала Фетаи, но дека нема дилеми дека се вршеле одредени проверки за постапки кои што ги води СЈО.

Инаку, општ впечаток е дека во изминативе денови СЈО ги интезивира своите активности во насока на отворање на нови, но и на стари преедмети.

Како што веќе пишуваше порталот, СЈО го истражува предметот наречен „земјиште позади Рамстор“, а се проверувале и банкарските сметки на поранешното раководство на ВМРО-ДПМНЕ на чело со Никола Груевски и Сашо Мијалков, но и на нив блиски роднини.

Треба да знаете
Последни објави