Search

Синоптичарите најавуваат облилни врнежи – снег ќе ја прекрие Македонија

До петок ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди, а се уште ќе има и појава на магла по одделни котлини.

Под влијание на нов влажен бран в сабота и ноќта кон недела ќе има врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни во западните и источните делови.

Во ноќните часови на планините врнежите ќе бидат од снег, а во недела врнежи од снег може да има и на некои повисоки места.

Во сабота ќе дува засилен јужен ветер, а од недела под влијание на северно воздушно струење температурите ќе бидат во опаѓање.

Треба да знаете
Последни објави