Search

Синоќа апсење на граничниот премин „Деве баир”

Синоќа апсење на граничниот премин „Деве баир”

Во 18 часот и 45 минути на Граничниот премин „Деве Баир“, поради сомнение за фалсификување на исправа-зелена карта, од слобода бил лишен 38-годишниот О.Г. од Република Турција, кој управувал товарно моторно возило „Рено премиум“ турска национална ознака со полуприколка „Fruehauf“ со турска национална ознака.

О.Г. на увид за наведеното возило и полуприколката доставил зелени карти за осигурување од автоодговорност  издадени од осигурителна компанија со важност од 07.11.2017 до 07.11.2018 година од осигурителна компанија од Република Турција.

Лицето било приведено и во 21 часот и 50 минути било предадено на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.

Треба да знаете
Последни објави