Search

Сет чинии, тави, тенџериња…слават ли младите брачни парови Младенци?

Миксери, тенџериња, сервиси со чинии, прибор за јадење….се дел од подароците кои се подаруваат на младенците кои го слават денешниот празник.

 

На овој ден младенците во својот дом примаат гости, кои им донесуваат подароци. Тој ден младите домаќинки ги покажуваат своите уметности и знаење.

-Правевме класична свадба, со сите адети, со сопругот се договориме и овој празник да го прославиме, вечерва очекуваме гости.Пиењето е купено, кифлички, салати, месото е подготвено остнува уште неколку ситници да се доспремат, вели Марија од Ѓорче.

Овој празник во црквениот календар е обележан со црни букви. Младенци е празник со многу обичаи во Македонскиот народ. На овој ден жените стануваат рано и месат четириесет колачиња, кои се нарекуваат младенчиња, и симболизираат долг, среќен и сладок живот.Младенчињата се премачкуваат со мед, домаќинките ги нудат на децата и на сите кои дојдат во куќата пред пладне.

-Свадбата ја правевме во август месец, нема да славиме Младенци, смета дека таа традиција пополека изумира.Повеќето парови на овој ден ги пречекуваат само најблиските како кумот и старосватот.Ние се одлучивме денешниот празник да го прославиме во ресторан со фамилијата, вели Сара од Радишани.

Посетувањето на младенците и донесувањето на подароците, е обичај од модерните денови, кој настанал во градот, но и секое село многу брзо го прифатило. Се смета дека на Младенци треба да дојдат сите оние кои биле на свадба, но во пракса сепак е поинаку. На Младенците тој ден на гости им доаѓа само најблиското семејство и пријатели.

Треба да се напомене дека Младенци секогаш паѓаат во време на постот, така што и гозбата која се подготвува тој ден треба да биде посна поради здравје и напредок на децата на младите сопружници.

Се верува дека какво ќе биде времето за Младенци, таква ќе биде цела пролет.

Треба да знаете
Последни објави