Search

СЕ УРЕДУВА ЗЕЛЕНИЛОТО ВО ГРАДСКИ ПАРК

СЕ УРЕДУВА ЗЕЛЕНИЛОТО ВО ГРАДСКИ ПАРК

ЈП „Паркови и зеленило“ по налог на Град Скопје поради поволните временски услови  почна  да ја реализира  Програмата за подигање и реконструкција на јавното зеленило на подрачјето на град Скопје.

Se ureduva zeleniloto vo Gradski park (7)24info.jpg

Екипите  на ЈП „Паркови и зеленило“  се излезени на терен и работат на уредување на  зеленилото на две локации во Градски Парк.

Првата локација  спроти Хотел Канет и езерцето кај Стадионот  е со површина од 4.400 квадрантни метри,  а  втората површина од 1.900 квадратни метри е спроти паркингот пред Фонтаната Лотосов цвет и влезот во Градски парк, бидејки постојната тревна површина е од пред 40 години и е со надмината физиолшка старост.

На двете површини ќе се засадат вкупно  200 украсни грмушки, перени и листопадни садници што ќе ги надополнат  постојните  дрвореди.  Исто така, на новите површини ќе се постави и нова хидрантска мрежа  од 700 метри, ќе се заменат оштетените прскалки и ќе се постават нови во делот каде што никогаш немало поставено прскалки за наводнување на зеленилото во вкупен број од 70 парчиња.

За реконструкција  на овие две површини во Градскиот парк од Буџетот на Град Скопје ќе се издвојат околу 4.500.000 денари.

Треба да знаете
Последни објави