Search

Се трага по Кољо и Нинџа

Акцијата на МВР за приведување на сите вмешани во насилствата на 27 април се уште е во тек. Неофицијално, полицијата трага по неколкумина кои беа видени и на снимките, но и беа најекспонирани за време на крвавиот летврток во Собранието.

Неофицијално се трага по Богдан Илиевски, на социјалните мрежи познат како Бетмен Велит и Борис Дамовски, двајцата дел од иницијативата За заедничка Македонија кои одржуваа протести и повикуваа на наводна одбрана на државата, а беа видени во Собранието на крвавиот четврток. За нив ќе бита распишани и потерници.

Александар Василевски-Нинџа се појавува и на видео снимките од крвавиот четврток, мешу насилниците кои себе носеа фантомки и ја насочуваа толпата кон пресс салата каде што беа пратениците на мнозинството. Тој се поврзува со криминалното подземје и со поранешниот прв човек на УБК Сашо Мијалков.Нинџа до сега неколку пати е осудуван и има издржувано казна затвор.

Тој се споменува во два случаи последниве години „Ровер“ и „Детонатор“.

Во случајот „Ровер“ во 2013 година тој беше сведок против 15 обвинети за убиство и помагање убиство на Марјан Тушевски и Kире Јанев во јули 2001 година, меѓу кои и екс министерот Љубе Бошковски.

 

Треба да знаете
Последни објави