Search

Се скарала со мажот и дошла кај мајката, а таа ја врзала со ланци и ја убила: Олга од раѓање ја мразела својата ќерка и на крајот ја уби!

Се скарала со мажот и дошла кај мајката, а таа ја врзала со ланци и ја убила: Олга од раѓање ја мразела својата ќерка и на крајот ја уби!

Една мајка (66) од Москва е уапсена под сомнение дека својата ќерка Ирина (37) за врзала со лисици и ланци и потоа ја претепала до смрт. Несреќната ќерка од тешките повреди починала на операциона маса.

Олга Мосвитина (66) е уапсена во Москва. Таа тврди дека наводно ја убила зошто Ирина била зависник од дрога, а семејството не можело да плати за нејзиното лекување.

Поради зависноста во моменти на криза ја врзувала со ланци, на што наводно таа се согласила.

Иако итната помош дошла во нивниот стан кога несреќната Ирина уште била жива, починала во болница.

Ирина била во брак, но поради секојдневни кавги со мажот се вратила кај мајката.

Соседите велат дека мајката кон неа била многу строга и ја обвинувала за „недолично однесување и распуштенички живот“.

„Мајката ја мразеше од раѓање. Секогаш беше строга кон неа, постојано и викаше и ја караше за секоја ситница. Ја обвинуваше за распуштенички и слободоумен живот. Минатата недела ја прашав дали сака да преспие кај мене. Ми одговори: Не, мајка ми ќе ме убие. А имаше 37 години, рече пријателката на Ирина, Анастасија Н.

Полицијата потврди дека Ирина имала повреди по телото, посебно на главата.

 

Треба да знаете
Последни објави