Search

Се развел бидејќи жена му се бањала еднаш годишно

Се развел бидејќи жена му се бањала еднаш годишно

Мао Чен од Тајван поднел барање за развод зашто жена му Лин се капела еднаш годишно. Во барањето за развод напишал дека чувствува психичко измачување зашто таа, освен што не се капела, само повремено си ги миела забите и косата.

Додека биле во врска, таа се капела еднаш неделно, но по венчавката работите се влошиле, а таа почнала да се капе еднаш месечно, па двапати годишно, за на крајот да се капе само еднаш во годината. Бидејќи не можел да издржи, побарал од судот да се разведе. Судот му го одобрил барањето, но неговата жена може да се жали на одлуката.

Мао и Лин биле во брак десет години. Немаат деца, а причината за тоа, според Мао е што Лин му била одбивна за да има секс со неа.

Треба да знаете
Последни објави