Search

СДСМ: Црните денови за економијата завршија со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција

Штетите предизвикани од 11-годишното криминално и расипничко владеење на ВМРО-ДПМНЕ, пустош во економијата, осиромашени граѓани и огромни долгови, се санираат, а економијата се стабилизира и се движи во добар правец, порачаа од СДСМ.

„Само последните месеци од криминалното и расипничко владеење на партијата на Мицкоски резултираа со пад на економијата од -1,3 отсто во првиот квартал од 2017 година. Со успешните економски политики на Владата предводена од СДСМ, таа состојба е надмината и во последниот квартал од 2017 година растот на економијата е 1,2 отсто.

Во јануари 2018 индустриското производство бележи раст од 8,4 отсто во споредба со истиот месец од 2017 година. Стапката на невработеност во последниот квартал од 2017 изнесуваше 21.9 отсто, што е помалку во однос на истиот период од 2016 година, кога изнесувала 23,1 отсто.

Истовремено, со зголемувањето на минималната плата на 12.000 денари околу 90.000 граѓани добиваат поголема плата. Трајно се реши проблемот на 5.000 стечајни работници и обезбедена е егзистенција за овие семејства.

Заклучокот е јасен. Црните денови за економијата и животниот стандард на граѓаните завршија со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција“, стои во соопштението од СДСМ.

Треба да знаете
Последни објави